🎥Епизода 33: Цеце Николова

од Vladimir Zorba

Светот го вртат храбрите и упорни девојки кои се спремни да се соочат со сите предизвици. Денеска Јована и водителката Цеце Николова зборуваат за прифаќањето на себе со сите свои посебности и различности како основа за кариерен напредок. Цеце е девојка која расте во СОС Детското село борејќи се со алопеција – состојба која предизвикува опаѓање на косата.

Денеска таа е водителка и уредничка на една од најгледаните утрински програми, борец за прифаќање на својата уникатност и основач на Здружение на млади од маргинализирани заедници.

Во оваа епизода разговараме за:

✔ Како прифаќањето на нешто кое ни прави несигурност може да влијае на нашата кариера?
✔ Како до поголема самодоверба во настапите и подобро јавно говорење
✔ Меѓуврсничкото насилство и навредите и важноста да се надрасне овој период
✔ Танцот како можност за ослободување, уживање и мотивација

Слични содржини