Доналд Трамп, кој вчера и официјално стана претседател на САД по втор пат, е на удар на дел од продемократската јавност поради тврдењето изнесено за време на прединаугуративниот митинг, од кое без двоумење може да се заклучи дека Илон Маск имал удел во резултатите од изборите во државата Пенсилванија.
„Тој ги знае овие компјутери подобро од кој било. Сите тие компјутери. Оние компјутери за броење гласови. И на крајот ги уништивме во Пенсилванија“, рече Доналд Трамп во пресрет на неговата инаугурација во јавното обраќање до поддржувачите, чии делови се споделуваат на мрежата X.
Trump on Elon Musk: "He knows those computers better than anybody. All those computers. Those vote-counting computers. And we ended up winning Pennsylvania like in a landslide." pic.twitter.com/MJdfUVhFsT
— Aaron Rupar (@atrupar) January 19, 2025
Потсетуваме, Трамп ја освои Пенсилванија со значително поголема разлика отколку на претходните избори, зголемувајќи ја не само неговата предност пред Камала Харис, туку и бројот на гласачи кои го поддржаа во споредба со изборите во 2016 година.
Newsweek контактираше со Dominion, компанијата одговорна за надгледување на системот за гласање во Пенсилванија, но не доби коментар за оваа приказна, а молк и од тимовите на Трамп и Маск.
Трамп е познат по обвинувањата за изборна кражба на сметка на демократите, што ги изнесе по изборите во 2020 година, што доведе до познат инцидент и упад во зградата на американскиот Капитол. Што се однесува до изборите во 2024 година, на кои победи поубедливо од очекуваното, тој не упати такви обвинувања.
Демократската конгресменка Јасмин Крокет одговори на тврдењето на Трамп на социјалните мрежи, споделувајќи го вториот дел од говорот во кој тој вели дека (непознати субјекти) „ги наместиле изборите, а сега јас ќе бидам ваш претседател за време на Светското првенство во 2026 година и на Олимпијадата 2028“.
So Trump is rambling on about he and Elon rigging the election?! Am I missing something or is he confessing to yet another damn crime?! https://t.co/aDdOqjyNWM
— Jasmine Crockett (@JasmineForUS) January 20, 2025
„Значи Трамп брбори за тоа дека тој и Илон ги лажирале изборите?! Дали нешто пропуштам или тој признава уште едно злосторство?!’ напиша таа.
Истото со неверување се запрашал и новинарот Дејвид Левит.
„Дали Доналд Трамп само што кажа дека Илон Маск му помогнал да ги намести изборите? тој напиша и сподели клип кој имаше речиси шест милиони прегледи за помалку од еден ден.