100 000 њујорчани ја повикаа Мелани Трамп да го напушти градот

од Vladimir Zorba

С Околу 100 000 жители на Њујорк потпишаа петиција и  бараат Мелани Трамп да го напушти градот, откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата на 20 јануари, пишува РИА-Новости.

Претходно беше соопштено дека обезбедувањето на Трамп и на семејството го чини градот над 1 милиони долари дневно. Овие трошоци едвај ќе се намалат значително, кога Доналд Трамп ќе се пресели во Белата куќа, бидејќи Мелани смета барем до крајот на учебната година да остане во семејниот дом “Трамп Тауер” во Њујорк поради нивниот син Берн. Самиот Трамп планира редовно да ги посетува. Одлуката на Мелани сепак предизвика широк одговор и жителите на Њујорк кои подготвија петиција до гувернерот на истоимената сојузна држава Ендрју Куомо и градоначалникот Бил Де Блазио со барањето да не плаќаат за обезбедувањето на семејството на Трамп по неговото преместување во Белата куќа.

“Ако оваа одлука е донесена од нив двајцата (од Доналд и Мелани), тогаш за тоа треба да си плаќаат тие самите, а не даночните обврзници на Њујорк, чии долари можат да одат за патишта, училишта, транспорт, санитарни цели, нови работни места и за други трошоци, какви што  ги има Градот “, пишува во петицијата, цитирана од медиумите. Трамп веќе разговарал со советниците колку дена пред неделата треба да биде во Белата куќа. За време на предизборната кампања тој се враќал во Њујорк дури подоцна ноќе, за да има можност “да се разбуди во својот кревет”.

Слични содржини