-11 Берово, -10 Лазарополе, -8 Маврово -7 Крушево, -6 Претор, -5 Виница, -4 Охрид, Прилеп, -3 Скопје…

од Vladimir Zorba

 ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

23 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-11 Берово, -10 Лазарополе, -8 Маврово, Кр. Паланка, -7 Крушево, Ѓуриште, -6 Претор, -5 Виница, Пожаране, -4 Дебар, Штип, Тополчани, Охрид, Прилеп, -3 Д. Капија, Битола, Скопје, Струмица, Дојран, -2 Скопје Петровец, Тетово, -1 Гевгелија, 0 Куманово.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта како и утринава облачноста се намалуваше, како резултатна што и и утринската температура насекаде се спусти под нулата. Преку ноќта имаше слаб ветер од северозападен правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претежно сончево со слаб до умерен, наместа засилен северозападен ветер.  Највисоката температура преку денот се очекува да достигне од  4 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен  северозападен ветер. Температурата ќе достигне до околу 8 степени

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност но и  со ниски утрински температури.  Дневните температури  ќе бидат во постепен пораст а утринските ќе останат релативно ниски.

В петок и за време на викендот ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

Слични содржини