Деветнаесет луѓе загинаа меѓу кои 17 туристи во денешниот напад во Тунис, изјави премиерот на Тунис Хабиб Есид. Убиени се туристи од Полска, Италија, Германија и Шпанија, додаде тој.

– Во инцидентот ранети се 22 туристи како и две лица од Тунис. Двајцата киднапери се убиени од силите за безбедност, нагласи Есид.

Туниските сили ги ослободија заложниците од Музејот Бардо во главниот град Тунис.

Полското МНР соопшти дека во нападот ранети се тројца полски граѓани додека италијанското МНР соопшти за ранети двајца Италијанци.

Во време на нападот во музејот имало најмалку 100 туристи.

– Со денешниот напад во Тунис, терористичката група Исламска држава уште еднаш покажа дека цел и се и државите и луѓето од Медитеранот, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

– Тоа ја засилува нашата одлучност да се справиме со терористичката закана, додаде таа./MИА

Слични содржини