Три месеци по нападите во Париз,во кои загинаа 130 лица, американскиот рок бенд “Еagles of Death Metal”, кој се најде во епицентарот на еден од нападите, се враќа на сцената со концерт во Стокхолм.

2110999814

По тој повод фронтменот даде интервју во кое тој зборува за нападот во концертната сала “Батаклан” во Париз, во кој тројца терористи убија 90 гости на концертот. Додека зборувал за она што се случило и се сеќавал на убиените, тој се расплакал.

За убиените во концертната сала Хос вели: Моите пријатели умреа многу храбро, не видов ниту еден кукавица, никој од луѓето во салата не се уплаши.

По концертот во Стокхолм, кој ќе протече под засилени мерки за безбедност, во вторник групата ќе одржи концерт во Париз во салата Олимпија.

Се очекува на концертот во Олимпија да дојдат многу од преживеаните гледачи на концертот во “Батаклан”.

“Еagles of Death Metal” ќе ја продолжи турнејата во Европа, Јужна Америка, Северна Америка и Австралија. Бендот ќе одржи уште два концерти во Франција – во НМИ на 2 март и во Лил на 7 март.

Во спомен на жртвите на нападите во Париз и во знак на сочувство со Французите групата ја прекрсти турнејата во “Nos amis tour”, што во превод значи “Турнеја за нашите пријатели”.

По она што се случи во Батаклан “Еagles of Death Metal” се појавија на сцената само еднаш , во почетокот на декември, кога испеаја две песни за време на концертот на U2 во Берси во Париз.

Слични содржини