МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ   4 Берово, 5 Лазарополе, Маврово, 6 Пожар, 7 Крушево, Охрид, Кр. Паланка, 8 Дебар, Претор, 9 Струмица, Скопје Петровец, Ѓуриште, Гевгелија, 10 Виница, Штип, Пожаране, Куманово, Тополчани, Дојран, Прилеп, 11 Тетово, 12 Д. Капија.

дожд и снег

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) до 7 часот. 1 Кр. Паланка, Штип, Берово, 2 Лазарополе, 3 Дебар, 4 Виница.

 

ВРЕМЕТО ПРЕКУ НОЌТА И УТРИНАВА  Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринава дува слаб претежно западен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе се повлекуваат кон југ и исток и ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и кон исток повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Температурата денес во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до повремено засилен северозападен ветер. Температурата до 14 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Денес дневните температури ќе се пониски за 5 до 7 степени. Попладне ќе дува умерен, повремено засилен западен и северозападен ветер. Потоа следи период на променливо облачно време без промена на дневната температура, а локален дожд ќе има во петок.

 

Слични содржини