🎥Полицијата во Висконсин застрелала вооружен напаѓач пред средно училиште

од Илинка Илиоска

Американската полиција вчера пукаше и уби ученик пред средно училиште во Висконсин, откако прими пријава за вооружен напаѓач на училишна територија, изјави денеска државниот јавен обвинител Џош Каул.

Тој додаде дека локалните училишта биле блокирани неколку часа и оти се слушале истрели, поради што децата избегале.

Пред неговата изјава, полицијата соопшти дека напаѓачот бил „неутрализиран“ пред училишната зграда на гимназијата Маунт Хореб. Каул синоќа изјави дека никој друг не е повреден и оти истрагата е во тек.

– Овој инцидент се случи на отворено. Напаѓачот во овој случај не влегол во зградата, рече тој.

Властите го опишаа ученикот како малолетно лице, но не ја наведоа неговата возраст, ниту пак посочија во кое училиште одел во округот Маунт Хореб.

Каул одби да одговори на неколку прашања за тоа што се случило откако полицијата реагирала, вклучително и дали ученикот пукал со оружје, каков тип на оружје имал и дали се обидел да влезе во училиштето.

Слични содржини