МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ   -5 Берово, -4 Битола, Струмица, -3 Дебар, Тетово, Д. Капија, -2 Штип, Скопје, Куманово, Прилеп, Маврово, -1 Кр. Паланка, 0 Охрид, Претор, Гевгелија, 1 Тополчани, 2 Виница, Дојран, 3 Пожар, Пожаране, 4 Крушево, 5 Ѓуриште.

време

ВРЕМЕТО УТРОВО   Ведро и претежно тивко. Магла има во Демир Капија Дебар и Штип, а слаба магла има во Скопско и Струмичко. На повисоките места особено на североистокот дува северен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и релативно топло. Претпладне маглата ќе слабее и попладне ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб северен ветер поизразен во источните делови од земјата. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 17.

Во Скопје претпладне ведро со утринска магла во делови од котлината. Попладне сончево и релативно топло со слаб северен ветер. Температурата ќе биде до  13° C.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До вторник ќе продолжи периодот на стабилно, тивко и релативно топло време. Од среда наутро ќе почне да дува претежно североисточен ветер кој ќе ги спушти температурите и ќе донесе зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и услови за појава понекаде на слаб краткотраен дожд, а кон исток и слаб краткотраен снег. Во следниве денови, наутро понекаде во долините и понатаму ќе има услови за појава на магла со променлив интензитет.

Слични содржини