-9 Маврово, Берово, -7 Кр. Паланка, -6 Лазарополе, Тетово, -5 Прилеп, Битола, -4 Скопје…

од Vladimir Zorba

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

23 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-9 Маврово, Берово, -7 Кр. Паланка, -6 Лазарополе, Тетово, -5 Прилеп, Битола, -4 Скопје-З.Рид, Виница, Ѓуриште, Крушево, Претор, Охрид, Д. Капија, Штип, Струмица,  -3 Пожаране, Куманово, -2 Тополчани, Скопје-Петровец, 1 Гевгелија, 2 Дојран.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Сончево, на места со слаб,  а во Кр. Паланка и Гевгелија умерен северен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и релативно топло. Ќе дува умерен, а вдолж јужното Повардарие и во источните делови  повремено засилен  северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од  8 до 14 степени.

Во Скопје, сончево со умерен  северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И утре ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. Во петок и за време на викендот по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Од сабота ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во недела.

Слични содржини