Новиот албум “25” на Адел стана најбрзо продаван на сите времиња во Велика Британија, кога го надмина 18-годишниот рекорд на британската банда “Оејзис”, соопшти Контактмјузик.34a73a15d360798fc77ee46b4628b7d4

За четири дена во САД беа продадени 2,4 милиони копии од новиот диск, што го сруши рекордот на групата “Ен синк” за продажба на албум во првата недела по неговото појавување на пазарот. Сега Адел го постигна истиот успех во својата родна Британија – од албумот ѝ беа продадени 695 761 копии повеќе во споредба со третиот диск “Be Here Now” на “Оејзис”, кој беше најбрзо продаван во земјата по излегувањето во 1997 година.

Продажбата на “25” полека се намалува од викендот, но се уште се купуваат во просек 80 000 негови копии дневно, појаснија експертите.

Во меѓувреме Адел најави европска турнеја по петгодишна пауза. Таа ќе започне на 29-ти февруари во Белфаст и ќе заврши на 13 јуни во Антверпен, Белгија.

Предвидени се концерти во Велика Британија, Норвешка, Данска, Германија, Швајцарија, Португалија, Шпанија, Италија, Холандија, Франција.

“Со олеснување конечно можам да ви кажам дека, се разбира, одиме на турнеја и чекам со нетрпение да ве видам сите вас”, напиша таа во социјалните мрежи.

Слични содржини