Хан денеска при презентирањето на извештаите за напредокот, комесаротпотврди дека Албанија добива препорака од Еврокомисијата за отворање на преговорите за членство во ЕУ.

BIG_Albania

Како главна причина за напредокот се наведени реформите во судството. Во извештајот стои дека главните уставни измени биле едногласно усвоени во јули 2016 година, со што почнале сеопфатен и инклузивен процес на реформи на судскиот систем.

“Овој процес ќе вклучува длабоко преиспитување на судии и на обвинители. Реформата на јавната администрација продолжува доследно, како и континуираната работа на создавање солидна база на податоци за истраги, обвиненија и за пресуди во борбата против корупцијата и организираниот криминал, кои се од фундаментално значење”- стои во извештајот.

Европската комисија и оваа година ја повтори условената препорака за членство на Македонија во Европската Унија.

Слични содржини