Потребно е  сериозно да се преиспита начинот на избор на членовите на ДИК и да се разгледаат алтернативни начини за нејзино формирање, земајќи ги предвид нејзините изменети или зголемени овластувања и надлежности коишто ќе зависат од целокупното реформирање на изборниот процес, вели во интревју  за Фактор директорот на „МОСТ“.

13231AB2-2E43-4F8F-BA90-A2273AAF1495_cx1_cy1_cw99_mw1024_s_n_r1

Првиот човек на граѓанската асоцијација Дарко Алексов оценува дека  поради  законските недоречености и недоследности, влијанието на партиските интереси, како и недостатокот на волја ДИК  не ги  извршува во целост своите  задачи за која е надлежна а тоа е да грижи за  севкупната законитост на изборниот процес.                                                                                                               Според  Алексов , еден од начините за да се дојде до подобар Избирачки список во кој и јавноста ќе има поголема доверба е активна регистрација на гласачите што подразбира дека секој оној кој сака да гласа ќе треба претходно да се пријави за гласање со што би се направил нов Избирачки список само од оние граѓани кои ќе се пријават за гласање.

„Прво што треба да се направи е да се спроведен  административна проверка на целиот список, вклучувајќи ги и адресите на кои има запишано поголем број на избирачи. Потоа, да се направи теренска проверка на територијата на целата држава, а не само во неколку општини како и да  и се  дадат поголеми овластувања на  ДИК“ ,  посочува Алекосв.                                                            

Во однос на изборниот модел , ставот на МОСТ е дека треба да се воведат отворени листи, но без промени во бројот на изборни единици.  Иако е релативно краток периодот  до одржувањето на изборите,  директорот на  граѓанската асоцијација  не очекува нивно пролонгирање.

„Доколку постои политичка волја и посветеност кон имплементирање на овој договор кај сите засегнати страни,  тогаш нема причина зошто до изборите во април 2016 не би се обезбедиле услови за фер и слободни избори. Крајно време е при дизајнирањето на решенијата во прв план да се стават интересите на граѓаните, а не на политичките партии“, порачува директорот на „МОСТ“ .

целото интервју тука

Слични содржини