albanci

Почна и протестот на вонпарламентарните опозициски партии на Албанците, кои заедно со нивните приврзаници маршираат низ улиците на Чаир во Скопје, под мотото „Ден Д – правда, демократија, достоинство“. Се веат албански знамиња , а на разглас се слушаат пораки: „Али предавник“ и „Демократија“.Граѓаните од протестот на албанските опозициски партии се движат кон Влада

Опозицискиот совет на Албанците, протестот го организираат, како што велат со цел да се добијат поголеми права, почит и достоинство на албанското население во земјава. Истовремено, тие бараат запирање на политички монтираните случаи.

Организаторите најавија дека со овој протест се дава подршка на СЈО. Протестот е мирен и под силно полициско обезбедување, а од опозициските партии на Албанците не учествува само ДПА./ фото Мета

Слични содржини