Илјадници бегалци и баратели на азил, воглавно од Сирија, Авганистан и Ирак, се заглавени и се соочуваат со сериозен ризик од насилство откако македонските власти во четвртокот ја запечатија јужната граница, создавајќи нова кризна зона во услови на глобална бегалска криза, соопшти “Амнести интернешенал“.

ai-logo-600x300

Состојбата брзо се влоши кога владата на поранешната југословенска Република Македонија (Македонија) ги прогласи двете гранични области за “кризни региони”, го затвори јужниот граничен премин со Грција, во непосредна близина на градот Гевгелија, и ја повика војската на помош.

Амнести интернешенал примија екстремно загрижувачки извештаи во кои се вели дека полициска единица за борба против тероризмот распоредена на границата употребила сила и средства за разбивање на демонстрации, па дури и пукала во воздух за да ги спречи бегалците да влезат во Македонија. Исто така, долж границата поставена е и ограда од бодликава жица.

“Секоја земја има право да патролираат на своите граници, но овој налик паравоен одговор е неприфатлив и не е во согласност со меѓународното право. Македонските власти се однесуваат како да се справуваат со бунтовници, а не со бегалци од конфликтни зони, рече Гаури Ван Гулик, заменик директор на европскиот огранок на „Амнести Интернешенл“ .

“Ако извештаите на тепање и пукање од огнено оружје од страна на безбедносните сили се точни, ова ќе доведе до многу опасна ескалација на и онака тензичната ситуација.“

“Секоја земја има обврска да ги заштити они кои бегаат од конфликтни подрачја и прогон, и Македонија не е исклучок. Кога системот не може да одговори, треба да го подобрите системот – не може едноставно да ги сопрете луѓето да доаѓаат.“

Насилно туркање

Очевидец на грчката страна на границата за “Амнести интернешенл“ изјавил дека македонските полициски единици за брза реакција и за антитероризам ги тепале бегалците и барателите на азил кои се обидувале да влезат во Македонија и пукале над нивните глави. Една локална НВО потврди употреба на гумени куршуми.

Се појавија извештаи и видео записи на медиумите како македонската полиција користи средства за разбивање на демонстрации како и палки со кои ги тепа луѓето иако се чини дека не претставувале каква било закана. Министерството за внатрешни работи издаде соопштение во кое се вели дека биле користени парализирачки гранати.

Сириец во близина на Идомени на грчката страна на границата зборувал за “Амнести интернешенал“. Рекол дека во последните два дена македонската полиција спречила 1.000 луѓе, вклучително семејства и многу мали деца, да ја преминат границата. Групи од околу 10 македонски безбедносни сили во униформи се позиционирани на секои 50 метри долж границата.

Македонски власти мора да гарантираат дека полициските и воените формации распоредени долж границата ќе го почитуваат меѓународното право и стандарди при употребата на сила и оружје.

Стравувања од растечка криза

Со повеќе од 1.000 баратели на азил и бегалци кои секојдневно бараат влез во Република Македонија со цел да се качат во возовите во Гевгелија, расте загриженоста дека кризата може брзо да се влоши. Многу од оние кои пристигнуваат се во лоша здравствена состојба и имаат потреба од медицинска помош – која досега ја обезбедува Црвениот крст на РМ.

Според македонската невладина организација Легис, која обезбедува помош за бегалците на железничката станица Гевгелија, многу од оние кои пристигнуваат од Сирија покажуваат знаци на повреди здобиени како резултат на вооружениот конфликт.

Се чини дека медицинска помош за оние кои се заробени на грчката страна на границата е многу малку достапна. Сирискиот бегалец кој зборуваше за “Амнести интернешенл“ се изјасни дека тој и другите веќе два дена не јаделе ништо и дека очајно имаат потреба од храна, медицинска помош и засолниште.

Наместо да ја запечатат границата, македонските и грчките власти мора да се фокусираат на обезбедување засолништа, храна, облека и здравствена заштита, доколку е потребно и со помош на меѓународната заедница.

Амнести интернешенл ги повика македонските власти да ги исполнат меѓународните обврски кон бегалците и барателите на азил, вклучувајќи:

Да им се овозможи на оние кои бараат азил во земјата да го сторат тоа и да им се обезбеди пристап до брз и ефективен процес за определување статус на бегалец;
Воздржување од употреба на прекумерна сила против бегалците и барателите на азил;
Обезбедување на засолниште, храна, облека и здравствена заштита; и
Обезбедување ефективни услови на прием кои овозможуваат идентификација и помош на децата без придружба и други ранливи лица.

Осврт

Во јули 2015 година, Амнести интернешенл го објави извештајот Границите на Европа: насилство врз бегалците и мигрантиите во Македонија, Србија и Унгарија, во кој се документира како бегалците и емигрантите на границата на Македонија со Грција вообичаено биле предмет на незаконски третман и малтретирање од страна на граничната полиција.

На 19 јуни оваа година, се воведоа измени и дополнувања на Законот за азил во Македонија со намера да се зголеми пристапот до азил. Со тоа им се овозможи на оние кои бараат азил да се регистрираат на граница и да добијат потврда со која им се овозможува 72 часовен престој во земјата со цел да имаат пристап до системот за азил, со право на користење на здравствени услуги и јавен превоз.

Меѓутоа, повеќето азиланти ја искоритија оваа потврда за да патуваат низ Македонија кон Србија и понатаму во Унгарија. Нивното патување низ земјата беше помогнато од страна на властите, кои обезбедија субвенционирани возови од Гевгелија, веднаш до грчката граница, за Табановце, на границата со Србија.

Овие мерки, според владата, имаат за цел да ги заштитат оние кои бараат азил во Македонија од напади од страна на вооружени банди, експлоатација од шверцери – вклучувајќи киднапирање за откуп, како и од опасностите од одење по железничките пруги низ Македонија, каде што досега загинаа 29 мигранти.

Сето ова им овозможи на барателите на азил безбеден и легален пат низ Македонија: само 47 луѓе, од кои 37 Сиријци, побарале азил во периодот 20-ти јуни до 17 август, и покрај илјадниците кои поминале низ земјата во тој временски период.

Амнести интернешенл претходно ги има документирано недостатоците на системот за азил во Македонија. Скромни 10 лица добиле азил во 2014 година, а ниту еден во било која друга година од 2009.

Овој месец, УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, советува дека барателите на азил не треба да бидат вратени во Македонија, поради тоа што системот сè уште не можеше да обезбеди меѓународна заштита.

Слични содржини