Аналитичари: Без смена на Зврлевски, нема реформи во судството

од Vladimir Zorba

Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски во Собранието би можел да биде сменет за еден ден, одолговлекувањето е само спин на опозицијата која во неговото неразрешување наоѓа свои мотиви – смета дел од аналитичарите, чиј став го пренесува АлсатМ.

Според Алберт Муслиу, доколку опозицискиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ навистина се залага за реформи, тоа може многу лесно да го покаже во Парламентот.

„Ако Македонија има приоритети, тогаш за ова се потребни две минути. Да гласаат за разрешување на Зврлевски и да го затворат прашањето. И ним им е многу јасно дека не може да отпочнат реформите во судството ако не се смени обвинителот. После сите бомби што ги слушнавме, по сите ставови што ги има новото мнозинство, за што ги има и бројките да го спроведе тоа, многу е јасно дека и опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека смената на Зврлевски е завршена работа“. – изјави Алберт Муслиу, аналитичар

Муслиу смета дека набргу граѓаните би можеле да го загубат трпението околу целата ситуација бидејќи освен што ништо не се решава, се трошат и пари од буџетот кој тие го полнат од свој џеб.

„Тоа е само прашање на време кога ќе се направи тоа. Тие ја опструираат процедурата со разни оправдувања. Прашање кое можеше да се реши со пола седница, нам како граѓани тоа не чини големи финансиски средства, бидејќи се одложува и собраниската седница за која не верувам дека пратениците на опозицијата, па и тие од власта им ги одбиваат дневниците“. – вели Муслиу

Седницата на која се наоѓа точката за разрешување на Марко Зврлевски веќе неколку дена се одложува. Новото продолжение е закажано за денескае. Опозицијата смета дека е незаконски воопшто да се расправа за ваква точка во време кога се распишани локални избори, додека од владеста возвраќаат дека ВМРО-ДПМНЕ безпредметно го штити Зврлевски и ја опструира работата на Собранието.

Слични содржини