Додека во државните јасли со решение за трајно вработување се згрижија 2 667 лица, паралелно Владата го спроведува и проектот “Македонија-вработува“, преку кој според последните расположливи податоци во приватниот сектор се вработиле 1 580 лица. Во првиот случај вработувањата се на директен буџетски трошок, во вториот, иако се работи за вработувања во приватни компании, сепак тие повторно се поддржани со буџетски пари. Дали Владата влезе во “кампања за вработување“ која според дел од бизнисмените, не само што значи нов трошок, туку и е нерална,анализира Порталб

makedonija-vrabotuva-480x236

Мерките во атрактивно пакување – ќе дадат ли ефект ?
Фирмите што ќе вработат невработени лица, со утврдени услови, ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси во период од три до пет години. Оваа бенефиција што се нуди како дел од прокетот “Македонија вработува“, првлече околу илајда компании да се пријават на огласите, со оглед на тоа што се работи за значајни даночни ослободувања кои ќе бидат финансирани од буџетот, на трошок на останатите компании кои ја полнат државната каса.
Една од поранешните директорки на Агенцијата за вработување смета дека мерките што се нудат на бизнисмените за отворат нови работни места од економски се претворија во пополистички, кои носат само политички поени но не и долгорочно решение за невработеноста.

“Се се претвори во маркетинг и популизам, со цел да се тргнат од список на невработени им се даваат пари на невработените, им се отвараат фирми, и не дај боже кога нема да успеат во бизнисот, мислам дека не смеат да се пријават како невработени поради тоа што договорот ги обврзува во следни 4-5 години да не бидат на терет на државата, односно до моментот додека не го вратат кредитот“, вели за “Порталб“ Билјана Јовановска.

Со стапка на невработеност повисока од 27 проценити, Македонија и натаму е лидер во Европа според бројот на невработени лица. Трајно решение за овој прблем не може да се бара ниту во спорадични мерки ниту преку вработувањата во администрацијата, сметаат експертите.

“Намалување на невработеноста неможе да очекуваме од парцијални пристапи како најновиот проект Македонија вработува, каде главниот ефект врз креирањето на работни места се очекува од ослободувањето на работодавците за неплаќање на задолжителните социјални придонеси. Таквиот пристап е погубен за како за социјалната држава и нејзините фондови, така и за регуларните плаќачи на социјални придонеси но и за свеста во однос на социјалните права“ вели прфесорката Маја Геровска- Митев.

Пралелно со проектот “Македонија вработува“, Владата ја проведува и операцијата за варботување на илјадници лица под државна капа кои досега имале статус на волонтери, хонораци или лица со договори на определено време. Според податоците од Министрството за финансии до сега министнисерот Ставрски потпишал решенија за трајно вработување на 2 667 лица.

Најголем број од нив има во здравството, околу 1360 лица, потоа во социјалната заштита и детските градинки работниот однос им се трансформирал на околу 500 лица, во образованието 277 лица. Според информациите од министрството, за овие вработувања имало предвидено пари во Буџетот за годинава.

Во ек на политичка криза, кога владата вработува илајдници вработени, идни буџетари, дел од бизнис заедницата реагираше и повика да се запре со непродуктивни трошења.

Неодамна, Комората на Северозападна Македонија побара од владата да се воздржи од нереални ветувања кои реално не може да ги исполни како што  зголемување на плати и пензии, разни премии ,субвенции и нереални вработувања.
“Влада да се воздржи од нереални вработувања кои не може да ги исполни, како што се зголемување на плати, пензии, субвенции и нерални вработувања“, изјави Неби Хоџа, новиот претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Според податоците од Буџетот, годинава за намалување на невработеноста преку Агенцијата за варботување, планирано е да се потрошат 8,5 милиони евра. Досега од надлежните инститции нема инфмација колку пари се потршени во форма за буџетска подршка за новите вработувања во фабриките со странски капитал, на кои им се овозможија и серија на други поволности.
Додека Владата ги преборјува новите субвенционирани вработувања во приватниот сектор и потпишува решенија за варботувања под државна капа, вкупната бизнис клима станува се потешка за водење на бизнис.
“Воопшто и климата во Република Македонија за приватниот сектор, отварање бизниси и нивно одржување е многу тешка, ако се земе во предвид дека Владата не вложува во приватниот сектор и во стопанството, туку во скапи проекти (споменици, фасади, фонтани). Бизнисите не се долго издржливи, со тоа и вработувањата се краткорочни. Граѓаните се се посиромашни и не се во можност да ги користат услугите од новите и мали бизниси“, смета поранешната директорка на Агенцијата за вработување Јовановска.

Додека дел од експертската јавност препознава популизам во некои од мерките за нови варботувања, премиерот Никола Груевски смета дека проектот “Македонија варботува“  е директно насочен кон зголемување на вработеноста, односно на намалување на невработеноста

“Од околу 980 компании коишто аплицирале да бидат дел од овој проект, околу 780 се мали компании со број на вработени до 10, додека околу 200 се со над 200 вработени. Така што ова се параметри кои покажуваат дека овој проект им помага, особено на малите и средни компании во Република Македонија“, изјави неодмана  премиерот Груевски. 

Генералано, Оперативниот план за вработување, се спроведува од 2007 та година. Според податоците, досега преку овие програми се вработиле повеќе од седум илјади лица, со што значајно не се промени состојбата со невработеноста во земјава. Проектот “Македонија вработува“ според амбициозниот и најавен план треба да вработи 150 000 лица.

Portalb.mk

Слични содржини