Сирија ќе споделува разузнавачки податоци со Франција само доколку официјален Париз ја смени својата политика на Блискиот исток, изјави денеска сирискиот претседател  Башар ал-Асад во интервју за француското списание „Валер Актуел“.

130299

– Ако француската Влада не е сериозна во борбата против тероризмот, нема да губиме време соработувајќи со земја, влада или институција која го поддржува тероризмот, рече Асад во интервјуто кое го даде еден ден по терористичките напади во Париз, пренесоа британските медиуми.

„Прво морате да ја смените политиката, така што таа ќе се темели на еден критериум – да бидете дел од алијанса која собира само земји кои се борат против тероризмот, а не оние што го поддржуваат“, истакна Асад.

Тој додаде дека секогаш зборувал дека е подготвен да биде дел од меѓународна коалиција против тероризмот и дека Сиријците треба да одлучат за својата судбина на избирачките места.

Франција ја повика на готовност глобалната алијанса против Исламска држава, групата која ја презеде одговорноста за терористичките напади во Париз, во кои во петокот погинаа најмалку 129 лица.

Слични содржини