Баерн со голем интерес кон новиот Тиери Анри

од Vladimir Zorba

Еден од најбараните во европскиот фудбал во последно време е  младата ѕвезда на Монако Килијан Мбапе.

При поразот со 3: 5 на “монегаските” од Манчестер Сити 18-годишниот напаѓач реализира за 2: 1 и уште еднаш покажа дека иднината пред него е ветувачка.

Неслучајно и голем број европски гиганти внимателно ја следат ситуацијата околу Мбапе. Со интерес кон него веќе беа поврзувани Борусија Дортмунд, Барселона, Арсенал и Реал Мадрид.

Според весникот “L’Equipe”, сепак во моментот најголем интерес за голгетерот пројавува Баерн Минхен.

Договорот на напаѓачот со Монако е до 2019 година, но најверојатно тој нема да биде исполнет. “Новиот Тиери Анри”  е проценет на сума меѓу 60 и 80 милиони евра.

Слични содржини