Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата рече дека ќе направи напор да ги затвори канцелариите на Ал Џезира во Ерусалим, обвинувајќи ја телевизиската мрежа со седиште во Катар за поттикнување на неодамнешното насилство во градот, според Гардијан.

Ерусалим се соочува со еден од најтешките периоди во изминативе години додека Палестинците протестираат против зголемените израелски безбедносни мерки во близина на комплексот Ридот на храмовите, едно од најсветите места во градот. Настаните нашироко беа пренесувани, вклучувајќи и преку Ал Џезира.

„Мрежата на Ал Џезира продолжува да предизвикува насилство околу Ридот на храмовите“, напиша Нетанјаху на неговата Фејсбук страница на хебрејски. „Неколкупати зборував со правосилните органи да ги затворат канцелариите на Ал Џезира во Ерусалим. Ако ова не се случи на правна основа, ќе работам на усвојување на потребното законодавство за протерување на Ал Џезира од Израел“, додаде израелскиот лидер.

Катарската мрежа не беше веднаш достапна за коментар.

Слични содржини