Лондон – Фунтата падна откако Трамп објави дека со тоа британската премиерка Тереза Меј се подготвува за тоа Шкотска потенцијално да закаже нов референдум за независност. Фунтата која, како што оценува „Блумберг” е политички заложник на шкотскиот референдум во 2014 година и утринава падна за 0,6 отсто, откако весникот, повикувајќи се на неименувани извори во владата, објави дека Меј може да се согласи на ново изјаснување на Шкотска, но под услов гласањето да се одржи по британското излегување од Европската унија.

Загреб – Хрватска во текот на првите девет месеци во 2016 година во Србија извезе 93 тони вино во вредност од околу половина милион евра. Во истиот период увозот од Србија бил количински дупло поголем и изнесувал дури 189 тони, но вредноста на увозот била за половина помала и изнесувала 252.771 евра.

Вашингтон – Белата куќа на федералните агенции на САД ќе достави Предлог буџет за 2018 година со кој се бара зголемување на воениот буџет, тврдат два извора запознати со состојбата. Зголемувањето на воениот буџет, како што велат, делумно ќе биде финансирано преку резови во Стејт департментот, Агенцијата за заштита на животната средина и во други неодбранбени програми.

Загреб – Излезот на Франција од еврозоната нема само да резултира со значајни финансиски штети, туку може да зададе и смртен удар на целата ЕУ, оценуваат аналитичарите. Според последните истражувања на јавното мислење, лидерот на француската крајна десница Марин Ле Пен ја зголеми својата предност меѓу кандидатите за нов претседател.

Будимпешта – Проектот за гасоводот „Јужен тек” може повторно да биде актуелен по одржувањето на парламентарните избори идниот месец во Бугарија. Тоа го истакна унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Загреб – Регионалниот индекс на конкурентноста (RCI) кој го објави Европската комисија, покажа дека Хрватска е на последното место во ЕУ. Имено и Континентална и Јадранска Хрватска добиле оценка за конкурентност од минус 0,8, при што минус 1 е најслаба оценка на ова истражување.

Виена – Австрија планира да го намали детскиот додаток за граѓаните на ЕУ кои живеат во странство, што наиде на жестока критика пред се од источноевропските земји. Така унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикуваше Австрија поради оваа намера, тврдејќи дека официјална Виена ги крши договорите на ЕУ, со тоа што „на подол начин чекор по чекор ги менува правилата”.

Подгорица – Цените на недвижнините во Црна Гора се намалуваат и тој тренд покрај високиот степен на неизвесност, ќе продолжи и во иднина, смета економскиот аналитичар Василије Костиќ. „Јакнењето на овој пазар, т.е. неговиот раст според мое мислење, не треба да се очекува наскоро” – рече Костиќ за „Побједа”/МИА

Слични содржини