Вработен во Националната опера во Атина, кој бил задолжен за касите, бил уапсен минатата недела за проневера на 111.000 евра, соопшти вчера Операта.грција пен

Измамата била откриена за време на рутинска проверка на резервите кеш на Операта спроведена на 19 октомври, за време на која ревизорите утврдиле дефицит од 111.000 евра во приходите. Понатамошната истрага открила дека сторителот бил менаџер на благајната кој го признал делото. Тој е отпуштен од работа и против него е покрената тужба.

Сторителот бил вработен во Националната опера од 1999 година.

Слични содржини