Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук, рече денеска дека е потребно да се стори повеќе, за да се сузбие говорот на омраза на социјалната мрежа во Германија.

Zuck-930x536

– На говорот на омраза му нема место на Фејсбук, изјави тој на еден собир во Берлин.

Тој додаде оти се залага за подобра контрола и надзор за да говорот на омраза биде елиминиран.

Германски претставници изразија загриженост поради тоа што екстремната десница и други слични групи го користат Фејсбук, за да ги прошират своите пораки. Цукерберг лично за тоа разговарал и со германската канцеларка Ангела Меркел минатата година.

Слични содржини