Ди Марија: Имаме се што ни треба за триумф во Лигата на Шампионите

од Vladimir Zorba

Плејмејкерот на ПСЖ, Ангел ди Марија, рече дека нема проблеми да оди во Барселона, бидејќи сѐ помеѓу него и Реал Мадрид е завршено.

Аргентинецот игра на „Бернабеу“ меѓу 2010 и 2014 година, по што помина неуспешна сезона во Манчестер Јунајтед, а од 2015-та е дел од францускиот хегемон и утре вечер ќе се соочи против „белите“ во шпанската престолнина.

„Мојот период во Мадрид е завршен и не сакам да се враќам. Ќе речам само дека нема да има проблем со Барселона. Единствено не би потпишал со Нуелс Олд Бојс, бидејќи сум голем обожавател на Росарио Централ“, изјави Ди Марија пред списанието „So Foot“, и додаде дека верува дека „принцовите“ имаат сила да ја освојат Лигата на Шампионите.

„Знаеме дека имаме се што ни треба за триумф на турнирот. Ние се стремиме да го постигнеме тоа, но знаеме дека има и други тимови кои можат да го сторат тоа, па натпреварите на вистината почнуваат сега“, објави фудбалерот.

На прашањето кој е најдобар меѓу Роналдо, Меси и Нејмар, бидејќи играл со сите, тој очекувано се измолкна, велејќи: „И тројцата се одлични играчи и е привилегија, дека сум бил заедно со нив. Малку се луѓето кои можат да се пофалат со такво нешто и кога ќе остарам ќе се навратам на овие времиња со доста носталгија“.

Слични содржини