ДИК: Излезноста до 17 часот е 49,14 %

од Vladimir Zorba

Државната изборна комисија објави дека до 17 часот излезнста на локалните избори е 49,17 проценти.

 

Изборниот законик пропишува дека во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите што гласале доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник не излезат една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина. Ако за градоначалник е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови од ставот на овој член, се повторува целата изборна постапка.

Според податоците до 17 часот, излезноста гарантира избор на градоначалници во првиот круг.  Излезноста во Град Скопје  до 17 часот е   50,58 проценти. На ниво  во Македонија над 70  проценти е во општина Вевчани а најниска   31,17 проценти во Маврово Ростуше . Засега највисока излезност има во скопската општина Гази баба 58,2% а најниска во општина Шуто Оризари од 33,83 %.

Слични содржини