Членовите на Државната изборна комисија не го усвоија извештајот со резултатите од вкрстената проверка на податоците во базите на МВР со оние на 10 други институции.

drzavna-izborna-komisija-dik
“Државната изборна комисија, по првичното разгледување на извештајот од
спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните
институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од
прашањата опфатени со проверките.
Веднаш по завршувањето на дополнителните контролни тестови, Државната изборна
комисија ќе закаже седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки”- се вели во соопштението на ДИК

Слични содржини