Димитров: Идеите што беа добра основа за решавање на спорот за името за едната, ги одбиваше другата страна

од desk2

Во минатото имаше идеи што беа добра основа за решавање на спорот за името за едната, но беа одбиени од другата страна, вели поранешниот преговарач во македонско-грчките преговори и актуелен министер за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за грчкиот весник Вима.

 

-Ќе треба и двете страни, со добра волја да се вклучиме во преговорите и да се обидеме колку што можеме да ја разбереме чувствителноста на прашањата што произлегуваат, како што тие се согледуваат од другата страна. Треба да го подигнеме нивото на доверба и да инвестираме во билатералните односи на начин што го прави поверојатен напредокот – вели Димитров.

Иако станува збор за билатералн проблем, истакнува тој, последиците од негово нерешавање може да ја доведат во прашање регионалната стабилност.

Слични содржини