Почетна / Актуелно / Додека Вучиќ е претседател, Србија нема да влезе во НАТО

Додека Вучиќ е претседател, Србија нема да влезе во НАТО

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин го увери рускиот колега ген. Сергеј Шојгу дека додека Александар Вучиќ е претседател, земјата нема да влезе во НАТО.


“Ќе продолжиме заедно да спроведуваме заеднички вежби. И ќе продолжиме да водиме политика на воена неутралност. Додека на чело на Република Србија е претседателот Александр Вучиќ и додека јас сум министер за одбрана, Србија никогаш нема да биде во НАТО”, објави Вулин./БГНЕС