Додик: Ќе се појавам на сослушување, но не во Сараево

од desk3

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека се уште не добил покана за сослушување од Обвинителството на БиХ поради организирањето референдум за Денот на Републиката во српскиот ентитет во Босна и Херцеговина.

Dodik_i_Genocidna_tvorevina55

Тој на прес-конференција во Бања Лука истакна дека нема да оди во Обвинителството на Сараево, но ќе се согласи да биде сослушан во секоја друга правосудна институција на територија на Република Српска.

Додик нагласи дека по добиените закани од бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ дека ќе ја има судбината на Моамер Гадафи, Садам Хусеин или Слободан Милошевиќ, не сака да го ризикува својот живот со заминување во Сараево.

Претседателот на Република Српска објасни дека заканата од Изетбеговиќ ја протолкувал како порака до сите екстремистички групи во БиХ и повик за негова ликвидација/MИА

Слични содржини