Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд потпишаа договор за доделување на осум милиони евра неповратна помош за програмата за зајакнување на капацитетот во областа на фискалните реформи во Југоисточна Европа.

evra kupce

Корисници на програмата се БиХ, Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Еврокомесарот за односи со соседните земји и преговорите за проширување на ЕУ, Јоханес Хан наведе дека за земјите од Западен Балкан е посебно важно да обезбедат макроекономска стабилност, да ја зголемат транспарентноста и да ја зајакнат ефективноста на управувањето со државните средства.

– Тоа ќе им овозможи на граѓаните да добијат подобри услуги и истовремено ќе биде услов за обезбедување постојан раст, истакна Хан.

Слични содржини