Европскиот првак Будуќност „падна“ во Скопје, а ракометарките на Вардар на најдобар можен начин го прославија големиот успех.

vardar-1-615x400

ЖРК Вардар пред својата публика во „Јане Сандански“ го победи актуелниот европски шампион Будуќност со 26-24 во претпоследниот натпревар од главната фаза во Лигата на шампионите. Ова е прва победа на вардарки против големиот ривал во последниве две години во елитното европско натпреварување.

На едно коло пред крај на главната фаза, Будуќност е на врвот на табелата заедно со Ѓер со по 15 бода. ЖРК Вардар на третатат позиција со 12 бода, а по нив следуваат ЧСМ Букурешт со 9, Митјиланд со 5 и Савехоф со 2 бода. Пласман во четвртфиналето на ЛШ обезбедуваат првите четири екипи од двете групи.

Слични содржини