Ештон Катчер најде нова кауза за која да се бори. Актерот, кој стана татко за прв пат минатата година, се пожали дека во машките јавни тоалети во САД нема држачи за менување на пелени, како во женските.cc78574f7d74769b763733eed03b0e9c

37-годишната ѕвезда изрази лутина поради овој факт, велејќи дека нема како да се грижи за хигиената на малото бебе, а ја зема улогата на татко многу сериозно.

Ештон ја изрази својата позиција во социјалната мрежа со зборовите: “Во машките јавни тоалети НИКОГАШ нема маси за менување на пелени! Првиот тоалет, кој ќе инсталира таква маси, ќе добие бесплатно рекламирање на мојата страница на Facebook! ”

Скоро Катчер рече дека двајцата со свршеницата Мила Кунис, сами се грижат за својата ќерка Вајат, без помош на дадилка. Тој рече: “Ние само сакаме да го запознаеме нашето дете и да имаме една емотивна врска со него. Кога таа ќе се расплаче, ние треба да сме свесни за она што го сака и што очекува да направиме за неа. “

Слични содржини