Шеф на инвестициски фонд освои вчера над 220 милиони фунти за себе и своите инвеститори, откако заложи на “Брекзит”. Додека многумина трпеа преголеми загуби во Лондонското Сити, Криспин Оди објави: “Мислам дека сум победникот” .Тој е еден од ретките шефови на хеџ фондови кои добија џекпот со огромни “Шорт позиции” на акции на компании и британската фунта, обложувајќи се дека нивната вредност ќе падне по објавувањето на резултатите од референдумот.

1466881523-az3

57-годишникот, кој управува над 8 милијарди и поседува лична состојба во износ од 900 милиони фунти, откри дека во пресрет на гласањето тој инвестирал во злато, што се смета за азил на парите при кризи, и се залоил на нискиот курс на фунтата во однос на доларот.

Тактиката се покажа доста профитабилна по објавувањето на резултатите, кога сите инвеститори побрзаа да купат злато, ја подигнаа цената до двегодишен врв во позадината на падот на британската фунта и берзанскиот индекс FTSE 100.

Оди признава дека ризикувал големи загуби, ако финансиските пазари беа брзале нагоре при останувањето на неговата земја во ЕУ.

Слични содржини