Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Мујжниекс претстави свое мислење за прашањето со сириските бегалци со кое ја повикува Бугарија да почне да ги разгледува овие луѓе не како привремени, туку како со траен престој.

SIR

 

Во своите препораки комесарот пишува дека е крајно време земјите во Европа да ги забрзаат инкорпорирањето на сириските бегалци кон општеството. Ако се змеме предвид времетраењето на сирискиот конфликт, многу од овие бегалци изгледа ќе останат во Европа и ќе станат државјани на земјите-домаќини, додава тој. Ова важи и за Бугарија, Србија и Унгарија, кои досега се гледаа како транзитни држави. Политиките за вклучување треба да бидат сеопфатни и да ги вклучуваат прашањата за човековите права, за образованието, работата, шелтер, здравството и други социјални услуги, изјавува Мујжниекс.

Тој апелира до најголемите и најбогатите земји во Европа да здомат повеќе сириски бегалци и да престанат со враќање од границите, бидејќи така ги промовираат активностите на криминалните мрежи на посредници. Мујжниекс забележува дека главниот дел од бегалците од Сирија биле донесени во соседните земји (Турција, Либан и Јордан), каде потешко имаат пристап до засолниште, вода и електрична енергија.

Комесарот повикува ниту едно сиријче родено во Европа, да не останува без извод за раѓање и без националност. Според податоците со кои тој располага, 70 проценти од децата родени од сириските бегалци во соседните земји на конфликтот земји немаат документи. Според него обезбедувањето иднина на сиријчињата во Европа мора да стане примарен дел од поддршката за бегалците.

Слични содржини