Пред 25 години, земјите од ЕУ ги усвоија т.н. Даблински правила за прием на кандидати за азил. Со нив требаше да се осигура дека одделните држави нема да си ја префрлаат одговорноста за бегалците едни на други. Правилата мораше да донесат јасност кој е должен да ја преземе грижата за пристигнување однадвор на луѓе.Првата Даблинска директива така и уште не беше влезена во сила, кога почнаа дискусиите дали распределбата на луѓето меѓу одделни земји навистина е фер. Во меѓувреме, во сила е веќе третиот Даблинско договор. Според него одговорност за регистрирање на пристигнување бегалци и проверката на поднесените од нив молби за азил носат оние држави во кои бегалците за првпат се присутни на територијата на ЕУ.

20150820.rrojzefuhv

Во текот на годините, сепак дојде до сериозни промени во правците на бегалците кон Европа – во моментов најголемиот товар по усвојувањето им паѓа главно на Грција и Италија. Премногу често политиката во однос на бегалците и давањето азил го следи развојот, наместо да го предвидува – можеби поради тајната надеж дека бегалците можат и да поминат за да тропаат на вратата на соседите.

Слични надежи сепак се лажни. Неколку различни миграциски патници преминуваат оваа година секакви европски граници: пристигнуваат луѓе кои бегаат од војните во Сирија и Ирак, политички бегалци од Еритреја и Нигерија, економски бегалци од африканските земји, како и од Западен Балкан. Според одредбите на Даблин-III одговорноста за првичниот прием на кандидатите за азил би требало да носат најмногу Грција, Италија, Бугарија и Унгарија. Само што правната рамка од Даблин практично веќе не функционира, а тоа јавно го призна во едно интервју германската канцеларка Меркел. Некои европски држави не се во можност да обезбедат хумани услови за прием на кандидатите за азил, со оглед на нивниот зголемен број, други пак – едноставно не сакаат.

Ситуацијата на грчкиот остров Кос пример е драматична и страшна, но грчката држава со години не е во можност, ниту пак сака да изгради функционален систем за прием на бегалци, независно од понудената од Брисел парична помош. Истото важи донекаде во помал степен до Италија. Јужните европски земји низ Медитеранот постојано зборуваат дека е неправедно тие да ја преземат главната тежина. Овој аргумент не е неоснован, затоа раководството на ЕУ ќе направи добро, ако јавно признае дека договорот од Даблин е ликвидиран. Но што да го замени?

Веќе со години земјите од ЕУ разговараат за создавање на друг систем за прием на бегалците. Еврокомисијата предложи на пример квотен принцип, на доброволна основа. Министрите за внатрешни работи од заедницата, сепак не можеа да постигнат согласност околу овој предлог. Во моментов во пракса само 5 земји прифаќаат и ја обработуваат огромната маса од барањата за азил. Овие држави следствено би извлекле бенефиции од квотниот принцип, останатите 23 држави, сепак би требало да прифатат повеќе кандидати за азил. Поради тоа има и силен отпор против овие предлози – најмногу од Велика Британија, Шпанија и многу источноевропски држави.

Затоа не е погрешно, што германската канцеларка најави бегалскиот одговор за оној голем европски проект, по кој ќе се виде дали Европа е во состојба да дејствува единствено и солидарно. Благородни зборови, кои мора да бидат следени од дела.

Две децении Европа се обидува да изработи единствена политика за азил и да најде систем за правична распределба на бегалците. Германија е силно заинтересирана, бидејќи во моментов таа прифаќа повеќе кандидати за азил, отколку што би и се наложувало, ако постоеше квотниот принцип. Германската квота би изнесувала 16%, а сега земјата прифаќа речиси 30% од сите кандидати за азил во Европа. Само што ако човек се загледа во податоците за последните седум години и ги анализира просечните вредности, сликата ќе се покаже малку поинаква. Тогаш би се покажало дека Германија веќе ги исполни своите обврски за квотите , Италија прифаќа премалку кандидати за азил, а Грција – премногу.

Поради различните интереси на 28-те земји во ЕУ во моментов изгледа речиси невозможно да се постигне договор околу квотниот принцип. Затоа и предупредувањата на претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, дека земјите од заедницата треба да покажат повеќе солидарност меѓу себе, остануваат без последица. Постојаните магии за соработка со земјите од кои пристигнуваат кандидатите за азил, се веќе толку банални што едноставно изгубиле секаква вредност. Факт е дека владетелите во Сирија, Либија, Еритреја и уште многу други земји покажуваат целосна рамнодушност кон судбините на луѓето од своите земји.

Можеби ЕУ би можела да покаже барем малку влијание над некои поумерени африкански држави или над демократските држави на Балканот. За таа цел се предвидени конференции на ЕУ со земјите од Африка и земјите од Западен Балкан. Крајно време е на овие форуми да се преземат конкретни мерки. Само што и овој апел е речиси исто толку стар колку и Даблинскиот договор – 25 години.

Слични содржини