Сопствениците на бордели треба задолжително да комуницираат со свештеничките на љубовта на својот мајчин јазик, донесе одлука највисокото во ЕУ – Европскиот суд. Поради тоа, властите на Амстердам имаат право да одбијат издавање на дозвола на сопственикот на бордел, кој не може да зборува на бугарски или унгарски со секс работничките.

prost

Проституцијата во Холандија е легална и треба да биде лиценцирана . Но властите се обидуваат да ја ограничат трговијата со луѓе и злоупотребите. Одлуките на ECJ се применуваат во секоја од 28-те земји членки на Унијата.

“Судот смета дека е можно да се бара сопственик на бордел да може да комуницира на истиот јазик со проститутките кои работат таму”, гласи мислењето на судот. Само тогаш борделите, вклучувајќи ги прочуените во Амстердам “прозорци за шопинг” можат да бидат така организирани , што ќе се избегнуваат злоупотребите и криминалните прекршоци против проститутките, дополнуваат повисоките европски судии.

kukja

Проститутка од Амстердам и блогерка, коај се претставила како Фелисити Ана, споделила со ББС дека комуникацијата е клуч во борбата против дела како трговијата со луѓе. Но, колку што на неа и било познато повеќето секс разботнички веќе комуницирале како со сопствениците на бордели, така и со клиенти или претставници на полициските органи на втор јазик – како холандски или англиски.

Фелисити Ана посочила дека правилата за односи на соодветниот јазик ќе ги одвраќаат жените кои не знаат холандски или англиски, да работат легално на “прозорците за шопинг”, на кои се гледа како на побезбедно место за работа од нелегалната улична проституција.

Пресудата од четвртокот се појави, откако властите на Амстердам одбија да издадат нова дозвола на сопственикот на бордел да ангажира “прозорци” за проститутки во градскиот кварт на црвените фенери.

Судот прсуди дека одлуката била правилна, бидејќи сопственикот на борделот неможел да зборува унгарски или бугарски – јазиците на кои зборуваат проститутките – за да ги праша дали се жртви на трговија со луѓе или се принудени со сила да ја практикуваат најпознатата древна професија.

Сопственикот на борделот рекол дека може да користи преведувачи или електронски софтвер за преводи. Тој се потпираа на правилата на единствениот пазар на ЕУ и изјавил дека градоначалникот на Амстердам, чие име не е споменато во случајот, дејствувал дискриминаторски. Но од Европскиот суд ги одбиле неговите аргументи, повикувајќи се на “важни причини поврзани со јавниот интерес”.

Проституцијата беше легализирана во Холандија и Германија во 2002 година. Според холандскиот закон оние кои работат во сферата на трговијата, треба да се регистрираат во трговската комора и да плаќаат даноци. Но, во последните неколку години властите се обидуваат да ги затегнат правилата во Амстердам, во обид за борба против трговијата со луѓе и организираниот криминал. Има информации дека три четвртини од разботничките во секс индустријата во Амстердам се од странство, пристигнуваат главно од Источна Европа, Африка или Азија.

Слични содржини