Технократските конци на фустанот на Брисел се наменети да им угодат на интересите на два спротивни табора, но се малку разбирливи за обичните граѓани. Така Парискиот весник “Фигаро” го коментира склучениот договор меѓу британскиот премиер Дејвид Камерон и останатите 27 земји од ЕУ за утврдување на посебен статус на Обединетото Кралство во Унијата со цел да остане негова членка, пренесе ТАСС.Според изданието противниците на ЕУ надвор од Ламанш нема да најдат во договорот “никаква основа да ги менуваат своите ставови”, а потпишаниот документ е “претсмртнен бакнеж”.

20160221.zfeinzntbu

Британците повеќе се подготвени да одговорат на Филозофското прашање дали островскиот карактер на Велика Британија е компатибилен со членство во еден континентален блок, отколку да го толкуваат намалувањето на големината на социјалните плаќања за идните внатрешно-европски мигрантите, пишува уште “Фигаро”, цитиран од агенциите.

Интервју со Осман Кадриу: За кражба на банка има притвор, а за тешки кривични дела од „Титаник“ се избегнува

Весникот се прашува дали поход на Камерон кон референдум, започнат со задача да го изгасне евроскептицизмот во сопствената партија, нема да е “смртоносен удар по ЕУ”.

Излегувањето на Британија од ЕУ би имало економски и политички последици, но дури и да биде избегнат разводот, договорот става почетокот на “бавен процес на расклопување”, предупредува “Фигаро”. И објаснува дека во иднина “никој нема да наоѓа причини да подлежи на општите правила, откако може да ги игнорира со помош на некој уцена”. Весникот заклучува дека ако Британија остане во ЕУ при овие нејзини услови, ова ќе ја убие Унијата, а ако ја напушти – тоа пак ќе ја убие.

Слични содржини