Членовите на АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика, мотивирани од потребата јавно да и порачаат на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон, денеска, пред зградата на МРТ, организираа протестен перформанс.

Настанот почна со симболично рушење на триметарски картонски медиумски диктатор и со симнување на розовите очила што секој од учесниците ги носеше на себе.

11016388_10204911403157610_599591940_n
Откако симболичниот медиумски диктатор падна, новинарите и граѓанските активисти: Зоран Бојаровски, Сашка Цветковска, Инес Ефремова, Јана Коцевска и Билјана Бејкова, говореа за слободата на изразување, за слободата на медиумите, за пропагандата и за улогата на МРТ како јавен радиодифузен сервис на граѓаните.

Новинарот Зоран Бојаровски им се обрати на своите колеги од МРТ со следните зборови:

– Не плашете се и излезете. Нека ве огрее сонцето на слободата над Македонија, нека допрат неговите зраци на вистината, нека ве помилува топлината на слободниот збор зашто новинарите и медиумските работници се деца на сонцето, на слободата, на вистината.

Тој истакна дека МРТ треба да обезбеди јавен дијалог и арена за широка дебата за прашања од јавен интерес и дека не треба да застапува и да заштитува интереси на определена политичка партија. На крајот, Бојаровски констатира дека МРТ е сопственост на сите граѓани и дека таа треба да им се врати на граѓаните.

И новинарката Сашка Цветковска, им се обрати на своите колеги од МРТ:

– Заборавиле или не знаат колегите дека тие се формирани со одлука на Собранието, во домот на граѓаните. Заборавиле дека државата не е партијата. Дека нивни единствени газди се граѓаните. А се што ние во согласност со законот бараме од нив е да ги почитуваат универзалните принципи на професијата новинар кои се дел од сите етички кодекси во редакциите низ светот. Затоа ги основавме и за тоа постојат. Ако не се пронаоѓаат во тој повик, во таа благородна мисија нека бидат чесни и нека си заминат./извор +Инфо фото А1Он

11040104_10204911381197061_810699751_n

 

11015379_10204911399677523_359787434_n

11014780_10204911399997531_737046837_n

Слични содржини