Семејство Кардашијан може да биде погодено од нов скандал. Откако неодамна потаткото на Ким Кардашијан стана жена, сега брачните односи на поголемата нејзина сестра Кортни се ставени под прашалник.d1b912ff3529982d7a91d842692441c8

Во моментов нејзиниот сопруг Скот Дисик е во Монте Карло, додека Кортни ги гледа нивните три деца во Лос Анџелес.

Поинтересно е дека европскиот одмор 32-годишната риалити ѕвезда  го поминува во друштво на пријатели, а особено заедно со модната стилистка – 25-годишната Клои Бартоли .

Според Us Weekly Скот и Клои имале врска, пред тој да се смири со Кортни Кардашијан. Од папараци фотографиите на двајцата се гледа дека меѓу нив нема само добро пријателство.

На сите кадри Дисик и Бартоли се сомнително блиски, поради што некои сугерираат дека најголемата Кардашијан го исфрлила својот сопруг од нивниот заеднички дом.

Пред извесно време пак се зборуваше дека модната стилистка Клои излегла со еден од најпознатите клиенти – Џаред Лето .

Фото: Splash News

Слични содржини