„Делумното повлекување на т.н аболиција од страна на Иванов уште еднаш го покажа грдото лице на залутаните и некредибилни личности во политиката. Со самиот чин на бесрамно аболицирање на осомничени за криминални дејствија како и со уште побесрамниот чин на делумно повлекување Иванов пред целата светска јавност го покажа својот неговиот однос кон реализација на институтот владеењето на правото и спроведувањето на правдата. Како ,,татко на нацијата” поради својот сервилен и поданички однос по којазне кој пат ги погази темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија како и членот 9 од Уставот на РМ. Со ова и докажа на македонската и целокупната меѓународна јавност дека гражаните се еднакви и помалку еднакви пред Узтавот и законите како и тоа дека на ваквите личности нивното име и презиме ке биде обележано со големи и црно букви во поновата македонска историја.

После овој негов потег дефинитвно треба да следи негова оставка од функцијата претседател на Република Македонија како би можела нашата држава барем малку да го сочува својот образ пред домашната и меѓународната јавност.

Го повикуваме СЈО под итно да ја испита неговата улога на последните   претседателскии и парламентарни избори и доколку има сериозни докази да поведе соодветна постапка за негово учество во фалсификување на неговиот избор и учество во злосторничко здружување“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ, Фронт за демократска Македонија.

Слични содржини