Рускиот авион се наоѓал само 17 секунди во турскиот воздушен простор после нападот на турските авиони, дури иако се тврди дека Анкара е во право оти руското летало го нарушил нивниот воздушен простор, пишува Гардијан.

234559

Напад во воздушниот простор, и во помалку напнат политички контекст, се случува често и генерално се очекува предупредувачки истрели, а потоа следува настојување натрапникот да се принуди да го напушти просторот или да се приземји.

Тоа што турските сили го соборија авионот после само 17 секунид, при што претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека лично им наложил на авионите да пукаат, сугерира многу силно дека тие го чекале рускиот авион да влезе или доволно блиску да се приближи до турскиот воздушен простор со цел да пратат „пиротехничка“ порака, наведува Гардијан.

Ердоган изјави дека Турција би реагирала поинаку да знаела дека воениот авион бил руски.

-„Да знаевме дека е руски, можеби поинаку би го предупредиле“, рече Ердоган за телевизијата Франс 24.

Слични содржини