Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле не ја исклучува можноста за оставка ако преговорите со Грција не трнат во насоката во која тој сака, пишува Der Spiegel.

шојбле

Шојбле појасни за “разлики во ставовите” во врска со несогласувањата кои во последниве недели се појавија меѓу него и германската канцеларка Ангела Меркел по прашањето за грчката криза.

“Тоа е дел од демократијата”, посочи сепак министерот.

“Политичарите имаат одговорности кои произлегуваат од нивната позиција. Никој не може да биде принуден да прави нешто што не сака. Ако некој се обиде, можам да одам кај претседателот и да побарам да ме ослободи “, вели уште Шојбле.

Министерот сепак уверува дека со Меркел се сигурни во едно нешто – знаат дека можат да се потпрат еден на друг.

Слични содржини