Денеска е Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден.sv-georgi-g3-237x300

На 6 мај секоја година го почитуваме Свети великомаченик Георгиј Победоносец (275-281 – 23 април 303). Тој е еден од најпочитуваните светци, маченик за верата Христова во православната црква. Во времето на царот Диоклецијан, тој е војник во Римската империја. Овековечен  во митот за Свети Ѓорѓи и ламјата, тој е заштитник на Англија, Бугарија, Грузија, Грција, Етиопија, Канада, Каталонија, Литванија, Португалија, Србија, Црна Гора и на градовите Бејрут, Џенова, Истанбул, Љубљана, Москва и Фрајбург. На иконите Св. Ѓорѓи Победоносец е портретиран секогаш на коњ, а во неговите нозе лежи убиената од него ламја .4800288

/Свети Георгиј е родум од Кападокија. Со Христос се запозна во својот дом. Кога татко му пострада за Христа и прими маченички венец, тој и мајка му се преселија во Палестина. Момчето порасна и стапи во војската на 20-годишна возраст дојде до чинот трибунал. Како таков му служеше на императорот Диоклецијан. Кога Диоклецијан почна да ги гони христијаните, младиот трибунал самиот објави дека е христијанин. Почнаа разни тешки измачувања, но великомаченикот истраја во сите нив, а благодетта Божја му помагаше и го исцелуваше. Неговото мачеништво, т.е. сведоштво наведе многумина да поверуваат во Христа. Во 303 година му ја отсекле главата. Овој голем маченик Бог го награди со дар на чудотворство со кој, тој до денес им помага на сите што го повикуваат во своите молитви

Слични содржини