Последниот претседател на СССР, Михаил Горбачов остро ја критикуваше денеска одлуката на НАТО да распореди дополнителни сили на своите источни граници, обвинувајќи ја Алијансата дека „почнала подготовки за ескалација на Студена војна во жешка војна“.

gorbachev-is-no-longer-a-president-putin-is-not-yet-a-president-1994

– Сета реторика што се користи на самитот на НАТО во Варшава укажува на желба на Русија речиси да и се објави војна. Тие само зборуваат за одбрана, но се подготвуваат за офанзивни операции, истакна Горбачов за руски медиуми.

Лидерите на НАТО на самитот во Полска вчера одобрија испраќање по четири меѓународни баталјони, односно околу илјада војници во Полска, Литванија, Летонија и Естонија како и романско-бугарска бригада во црноморскиот регион./МИА

Слични содржини