Грчкиот парламент го изгласа Законот за сиромаштијата, Ципрас се фалеше дека не му стигнал по e-mail од Брисел

од desk3
188 прегледи

Со завиднo единство грчкиот парламент усвои доцна синоќа закон за борба со последиците од жестоките штедења, популарно наречен закон за сиромаштијата. Законот беше поддржан и од владејачката коалиција СИРИЗА-Анел, така и од опозициските партии “Нова демократија” и ПАСОК, пренесоа светските агенции. “Ова е првиот изгласан кај нас закон за последните четири години, кој не е испратен по електронска пошта (од Брисел ) и не е преведен од странски на грчки јазик, туку напишан од Грци “, истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас.

20150319.zamztzeamk

Меѓу содржани во него мерки за борба со последиците од жестоките штедења наметнати на Атина од странските кредитори, се обезбедување на купони за храна на 300 илјади сиромашни, бесплатна електрична енергија, субвенции за плаќање на кирија за сместување.

Од парламентарната трибина Ципрас соопшти дека денес или во петокот владата ќе поднесе и втор закон кој ќе овозможи должниците да ги исплаќаат долговите кон државата на 100 рати. “Ги реализираме предизборните ветувања, и покрај обидите на некои наши европски партнери да не попречат”, истакна зајадливо грчкиот премиер.

Според проценките на владата, помошта за најсиромашните ќе голтнете 200 милиони евра. Средствата ќе бидат обезбедени преку намалување на платите и трошоците во секое едно министерство. Се ланира на тој начин да бидат генерирани 61 милиони евра. Уште 140 милиони ќе бидат заштедени преку новиот систем за спроведување на аукции за јавни набавки.

Слични содржини