По две години притисок врз власта, со обвинувања и со сомнежи за поврзаност со смртта на новинарот Никола Младенов, денеска Зоран Заев докажа дека власта нема никаква врска со несреќата, рече премиерот Никола Груевски вечерва  за вестите на телевизија „Сител“.

gruevski1

Околу барањето за нова истрага за сообраќајната несреќа, Груевски, и како премиер и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, изрази поддршка и повика за нова или дополнителна истрага за сообраќајната несреќа. Притоа додаде дека во неа, по желба на семејството, колегите или опозицијата, може да бидат вклучени сите инстанци кои тие сметаат дека би требало да бидат вклучени во истрагата.