Претседателот ги повика сопартијци да го отфрлат стравот и да гласаат за Клинтон

Номинираната за Белата куќа од демократите Хилари Клинтон направи изненадување  за екзалтираните делегати и се појави на трибината за време на националниот конгрес на партијата  за време на говорот на претседателот Барак Обама, пренесе AFP. Во придружба на песна на Стиви Вондер Обама  го пречека топло својот веројатен наследник на функцијата. Така беше ставен крај на “вечерта на ѕвездите”, во која учество зедоа потпретседателот Џо Бајден, кандидатот за потпретседател Тим Кејн и независниот Мајкл Блумберг, кој е поранешен градоначалник на Њу Њујорк .

“Оваа година, на овие избори, јас ве молам да ми се придружите  – да го отфрлиме цинизмот, да го отфрлиме стравот, даго  повикаме најдоброто  кај нас, да се избере Хилари Клинтон за следниот претседател на САД “, рече Обама завршувајќи ја  изјавата. Претседателот на САД Барак Обама истакна оптимистичка слика за иднината на САД, за да им помогне на Хилари Клинтон да го победи Доналд Трамп и да стане првата жена претседател на САД, пренесе Ројтерс. ” Никогаш немало маж или жена, ниту јас, ниту бил Клинтон, никој кој да бил толку подготвен да биде претседател на САД “, рече Обама во говорот на конгресот на Демократската партија во Филаделфија. ” јас сум повеќе оптимист за иднината на Америка од кога и да било “, рече Обама, а неговите зборови беа поздравени со бурни аплаузи во салата. Според него Хилари Клинтон е единствениот кандидат на овие избори, кој верува во оваа иднина. Таа е лидер кој има конкретни планови како да се надмине бариерите, да се скрши стаклениот капак и да даде повеќе можности на секој Американец, рече Обама. “Америка и сега е голема. Америка и сега е силна. Ви ветувам дека нашето величие и нашата сила нема да зависат од Доналд Трамп “, рече Обама.

Трамп ги поремети Американците: Веќе не сме голема нација!

Според него Трамп  се потпира на стравот, и оди само на тоа   да заработува гласови. “Ние не сме кршливи луѓе, силата не ни доаѓа од самопрогласен спасител, или ветува дека само тој може да го  врати редот, ако правиме работите на неговиот начин.”

Слични содржини