Хојт Ји: Нема да бидам амбасадор во Македонија

од Vladimir Zorba

Американскиот помошник државен секретар Хојт Ји ги демантираше шпекулациите дека ќе биде нов амбасадор во Македонија на местото на Џес Бејли. Тој во интервју за телевизијата N1 вели дека е задоволен од сегашната позиција во Стејт Департментот.

„Многу сум горд што сум заменик помошник државен секретар на САД и задоволен сум од својата работа. Драго ми е што можам да речам дека се уште ќе бидам тука“, вели во интервјуто Хојт Ји.

Тој додава дека американските интереси во регионот се насочени кон помагање на земјите од регионот да се приближат до нивните цели, а тоа се просперитетот, демократијата, стабилноста и иднината.

Слични содржини