Времето денеска во Македонија ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Во попладневните часови ќе има појава на мала локална облачност.

sonce

Утринската температура ќе се движи од  11 до 19, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер и со максимална температура до 35 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

И денеска северните делови од земјата ќе бидат во жолта фаза од метео-алармот во однос на високите температури.

Во недела претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб умерен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Во текот на ноќта, како и во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен) и проследени со ретки грмежи.

Во понеделник ќе има и значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени. Во вторник се уште ќе има повремени врнежи од дожд, а потоа ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневните температури.

 

Слични содржини