И тепачка и БУНТ во Кривичниот суд во Скопје

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Во Основниот суд Скопје 1 вчера попладнето се случила расправија, а потоа и физички напад меѓу двајца вработени. Тепачка или БУНТ или и двете се пишува и коментираат по социјалните мрежи и медиуми.

osnoven_sud_1_0

Од официјаното од  судот соопштија дека во просториите на Кривичниот суд, вработен, раководител на одделот за човечки ресурси со иницијали Г.С. физички ја нападнал портпаролката П.К. во присуство на судија од одделот за претходна постапка. Раководителот најпрвин вербално и се заканил на П.К. загрозувајќи и ја сигурноста со упатени закани по животот и телото, по што со примена на физичка сила ја турнал од столчето и ја напуштил просторијата.

Нападнатата веднаш телефонски го пријавила настанот во МВР при што интервенирала полицијата и случајот е документиран и  преземен од инспекторите за насилен криминал при МВР, а против напаѓачот од страна на нападнатата поднесена е кривична пријава за „Загрозување на сигурноста“, која понатаму треба да се процесуира од надлежните органи. Во врска со настанот и од страна на судската управа ке бидат преземени соодветни мерки.

Од судот ги негираат пишувањата во медиумите дека настанот имал врска со претседателот на судот Владимир Панчевски. Дел од медиумите објавија дека инцидентот избувнал откако вработена во судот, наводно блиска до Панчевски, барала да не се напаѓа и клевети претседателот на судот, на што реагирал нејзин колега, кој се втурнал кон неа и  го превртел бирото, пишува Телма.

Втората приказна е дека пред овој инцидент 15 судии се побуниле оти претседателот на судот Владимир Панчевски ја користи интернет страницата на судот за личните недоразбирања со нивниот колега судијата Иван Џолев.

Двајцата си поднеле кривични пријави еден против друг, а има и претставка за разрешувањe.

Овие 15 судии од Судскиот совет побараа да преземе мерки против ваквото однесување на Панчевски.

Според информации на Телма на писмото се потпишани повеќемина судии кои до пред неколку месеци работеа кривични предмети,а сега со новиот распоред направен од претседателот на судот Панчевски се префрлени на прекршочни предмети и работат во одделот за прекршоци во бараките во градскиот Парк. Неколкумина од потписницит пак се во кривичниот суд но со нарушени односи со претседателот на судот. На списокот е и потпис на судија кој во неколку предмети на Специјалното обвинителство ги потпиша налозите кои ги бараше обвинителствот.

Претседателот на судскиот совет Зоран Караџоски потврди дека во советот пристигнало писмо, но дека го третираат како анонимно бидејќи нема цели имиња и презимиња, туку само потписи, и дека соодветно ќе постапуваат за да откријат за што се работи.

 

Судиите во писмото напишале дека се оградуваат од сите известувањана напишани на официјалниот сајт на судот оти за нив никој ниту им кажал ниту ги прашал ниту пак судиите изградиле став и мислење. Судиите од судскиот совет бараат заштита и очекуваат соодветни мерки за претседателот Панчевски.

Слични содржини